Sbs Macedonian -

"Ова е чекор во вистинската насока“ - Основана е нова мултикултурна канцеларија

Informações:

Sinopsis

Владата објави планови за отворање Канцеларија за Mултикултурни Прашања што ќе биде во рамките на Министерството за Внатрешни Работи. Новата федерална министерка за мултикултура, Ан Али, вели дека таа сака да го промени начинот на кој се гледа на мултикултурните прашања. Програми како што се Програмата за англиски јазик за возрасни мигранти, грантови за хуманитарни доселеници и други подобни мигранти и заедници, како и услуги за превод и толкување, и политика за мултикултурни прашања се очекува да бидат дел од канцеларијата, иако што точно е вклучено ќе биде потврдено во наредните недели. Се очекува канцеларијата да започне со работа пред новиот парламент да се состане кон крајот на јули.